Косово
Ескобар: Заедница на српски општини ќе се формира, со или без Курти
21.01.2023 09:48
Наскоро се очекува нова средба на преговарачите во Брисел...

„Заедницата на српските општини (ЗСО) ќе се формира, со или без волјата на привремените институции на премиерот на Приштина, Албин Курти“, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Ескобар, по разговорите со приштинската и српската делегација за француско-германскиот предлог за решавање на прашањето на Косово. Наскоро се очекува нова средба на преговарачите во Брисел.
Српскиот претседател Вучиќ изрази подготвеност да прифати договор за нормализација на односите, со исклучок на едно прашање за коешто засега нема објаснување.
