БУГАРИЈА

Петти избори во две години

21.01.2023 09:50

Немањето влада ќе влијае врз планот за влез во Еврозоната, реформите за борбата против корупцијата и ефикасното користење на фондовите од ЕУ...

Бугарите на пролет по петти пат во две години ќе излезат на парламентарни избори откако социјалистите се откажаа од планот да формираат влада. Оваа политичка струја ја доби третата и последна можност да создаде кабинет по изборите без победник на втори октомври, но нивните напори за стекнување поддршка пропаднале.

Неуспех доживеаја и ГЕРБ од десниот центар и антикорупциската „Продолжуваме со промената“. Немањето влада ќе влијае врз планот за влез во Еврозоната, реформите за борбата против корупцијата и ефикасното користење на фондовите од ЕУ.

Претседателот Румен Радев ќе треба во рок од два месеца да го распушти Парламентот и да распише избори.