ПЕРУ
Повредени на протестите во Лима
21.01.2023 10:03
Насилните протести се проширија низ повеќе градови...

Десетици повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите на антивладините протести во Перу. Насилните протести се проширија низ повеќе градови.
Во немирите беше изгорена до темел и една од најстарите историски градби во Лима. Претседателката Дина Болуарте се закани со построги казни кон, како што вели, „вандалите на протестите“.
