Регион
Балканот под вода
21.01.2023 12:44
Србија, Босна, Црна Гора, Албанија и Косово се соочуваат со поројни дождови кои предизвикаа излевање на поголемите реки од речните корита...

Поплави во неколку земји на Балканот. Србија, Босна, Црна Гора, Албанија и Косово се соочуваат со поројни дождови кои предизвикаа излевање на поголемите реки од речните корита. Населението се евакуира, има и жртви.
Училиштата се затворени, патиштата блокирани, земјоделското земјиште и куќите поплавени. Во некои општини е прогласена вонредна состојба.
