Мароко последен противник на македонските ракометари во Президент купот
23.01.2023 11:15
Натпреварот ќе се игра во Плоцк со почеток во 18 часот.
Македонската ракометна репрезентација ќе се соочи со Мароко во последното (трето) коло од втората група во Президент купот на Светското првенство 2023 Полска/Шведска.
Натпреварот ќе се игра во Плоцк со почеток во 18 часот.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доколку успеат да останат непоразени, в среда ќе играат меч за пласман на 27/28 место.