Шпански и италијански клубови заинтересирани за Барди

23.01.2023 11:18

Барди на почетокот на оваа сезона се пресели во Турција од редовите на шпански Леванте за три милиони евра, и според турските медиуми, тоа е сумата за која Трабзонспор би се согласил предвреме да ја раскине соработката со македонскиот играч за врска.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди ќе го напушти Трабзонс пор во зимскиот преоден рок, а за неговите услуги се заинтересирани клубови од Шпанија и Италија, јавија денеска турските медиуми.

Повикувајќи се на извори од Трабзонспор, весникот „Фанатик“ објави дека шпанскиот прволигаш Мајорка доставил конкретна понуда за трансфер на 27-годишниот Барди, а дел од медиумите претходно наведоа дека интерес за македонскиот репрезентативец има и од калчолигашот Торино.

Барди на почетокот на оваа сезона се пресели во Турција од редовите на шпански Леванте за три милиони евра, и според турските медиуми, тоа е сумата за која Трабзонспор би се согласил предвреме да ја раскине соработката со македонскиот играч за врска.

Причината поради која Барди е на трансфер листата е намерата на Трабзонспор да ги намалите трошоците во буџетот за оваа сезона.

Турскиот прволигаш претходно ја раскина соработката со Еврард Куаси, Јусуф Ердоган и Емрехан Чедикли.

Барди сезонава одигра 11 натпревари за Трабзонспор и постигна три голови.