Ведро и модерно: Јанг Дади – „Дваесет“
Текстот како и секогаш го напиша самиот Јанг Дади врз основа на битот на Just RT Production, а аранжманот и продукцијата се дело на Лазар Цветкоски. Песната опејува ведра и симпатична љубовна приказна во динамичен ритам и аранжам по теркот на светските трендови.
Нова музика од Јанг Дади. По серијата успешни теми како „Бести“, „Вајфи“ и „5 до 2“, младиот прогресивен артист Јанг Дади на публиката и понуди уште една песна со хитовски потенцијал насловена како „Дваесет“.
Текстот како и секогаш го напиша самиот Јанг Дади врз основа на битот на Just RT Production, а аранжманот и продукцијата се дело на Лазар Цветкоски. Песната опејува ведра и симпатична љубовна приказна во динамичен ритам и аранжам по теркот на светските трендови.
Видеото го реализираше Давид Манев во режија на Александра Трпеска – Маџестик и истиот прикажува еден непосреден и урбан пар во својот свет.
Јанг Дади важи за еден од најпрогресивните и амбициозни млади артисти во земјата, за што најмногу зборува динамиката на неговата работа и објавувањето нова музика. За прв пат посериозно и го привлече вниманието на јавноста со песната „Сафари“, а напредокот во неговиот музичко-вокален израз со секој нареден проект е сè поизразен.