Која македонска песна со денови е број 1 на трендинг за музика на платформата Јутуб?

27.01.2023 14:22

Песната „Хабиби“ за којашто музиката и текстот ги напиша Пајак, а ја изведе во дует со Антониа Гиговска е број 1 трендинг за музика на Јутуб. Аранжманот и мастерингот се дело на Иван Јованов – Ивајо.

Особено значајно за македонската музичка сцена е тоа што изминатите денови на врвот на трендинг листата за музика на јутуб се најде песна од младата генерација македонски автори и изведувачи – Пајак и Антониа Гиговска.

По огромниот успех на Пајак при соработката со Лара Иванова и темата „Бела“ која денес надмина 10 милиони прегледи на Јутуб, младиот автор ја задржа формулата и создаде хит со кој повторно го освои дигиталниот свет и регионот. Песната „Хабиби“ за којашто музиката и текстот ги напиша Пајак, а ја изведе во дует со Антониа Гиговска е број 1 трендинг за музика на Јутуб. Аранжманот и мастерингот се дело на Иван Јованов – Ивајо.

Песната и видео спотот за „Хабиби“ беа објавени на 22-ри јануари годинава, само еден ден по 22-риот роденден на талентираната Антониа, кога пејачката ја објави и прекрасната вест дека наскоро ќе стане мајка.