ЗДРАВЈЕ

Волшебен зимски пијалак за лесно дишење

27.01.2023 19:08

Се препорачува при надразнетост на грлото и на горните дишни патишта бидејќи надразнетата слузница ја обложува со тенок заштитен слој и го запира кашлањето...

Салепот е традиционален турски напиток кој има многу делотворни својства. Се препорачува при надразнетост на грлото и на горните дишни патишта бидејќи надразнетата слузница ја обложува со тенок заштитен слој и го запира кашлањето. Нема ништо поубаво од чаша топло салеп со цимет, во вечерните часови, особено кога е студено.

Салепот станал популарен во средниот век со доаѓање на Арапите во Европа. Се добива со мелење на сушени луковици од планински орхидеи од родот на Orchis (Orchis mascula, Orchis militaris).

Придобивките од консумирање овој волшебен пијалак се големи. Поради својот хемиски состав претставува добар лек за искашлување и исто така е одличен лек против сува кашлица. Исто така делува и против воспалително и е фантастичен лек за дијареја кај мали деца бидејќи има кулоидна структура.

Го поттикнува срцето и умот и го загрева телото, особено во ладните, зимски денови. За салепот се верува дека е и одличен афродизијак.