Нов Зеланд

Вонредна состојба во Окленд

29.01.2023 10:22

Смртоносните поплави во Нов Зеланд по изобилните дождови го зафатија Северниот остров на земјата, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и уривање на патишта...

Смртоносните поплави во Нов Зеланд по изобилните дождови го зафатија Северниот остров на земјата, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и уривање на патишта.

Окленд, најголемиот град во Нов Зеланд со 1,6 милиони жители, остана во вонредна состојба откако три лица загинаа во поплавите. Вонредна состојба и на југ во Округот Ваитомо.

Националната агенција за прогнозирање МетСервис предупреди на влошување на времето во недела и понеделник на Северниот остров, вклучувајќи го и Окленд, каде се можни силни грмотевици.