НАТО
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг пристигна во Јужна Кореја
29.01.2023 17:30
Во рамки на азиската турнеја, Генералниот секретар на НАТО Столтенберг пристигна во Јужна Кореја. Во Сеул разговараше за безбедноста и украинскиот конфликт...

Во рамки на азиската турнеја, Генералниот секретар на НАТО Столтенберг пристигна во Јужна Кореја. Во Сеул разговараше за безбедноста и украинскиот конфликт со министерот за надворешни работи.
Тој потенцираше дека Северна Кореја, обезбедува воена поддршка на Русија со ракети и проектили и тоа само нагласува како НАТО и Јужна Кореја се меѓусебно поврзани, како дел од турнејата чија цел е зајакнување на врските со американските сојузници во понеделник ќе ја посети Јапонија.
