Иран

Експлозија во фабрика во Исфахан

29.01.2023 17:39

Експлозија во воена фабрика во централниот ирански град Исфахан. Според иранските власти, фабриката била нападната со беспилотни летала...

Експлозија во воена фабрика во централниот ирански град Исфахан. Според иранските власти, фабриката била нападната со беспилотни летала.

Нападот следи откако претходно избувна пожар во рафинерија која се наоѓа во северозападниот дел на земјата, а Иран го погоди и земјотрес од 5,9 степени по Рихтер, при што загинаа три лица.

Техеран претходно беше цел на напади, за кои постои сомнеж дека се израелски. Во меѓувреме, тензиите остануваат високи и со соседен Азербејџан, откако вооружен маж изврши напад врз амбасадата во Техеран.