САД
Распуштена специјалната единица „Скорпија“
29.01.2023 17:54
Полициската управа во Мемфис ја распушти таканаречената специјална единица „Скорпија“, чии полицајци беа обвинети за убиството на 29 годишен Афроамериканец Тир Николс...

Полициската управа во Мемфис ја распушти таканаречената специјална единица „Скорпија“, чии полицајци беа обвинети за убиството на 29 годишен Афроамериканец Тир Николс.
Оваа единица имала за задача да ги надгледува улиците со цел да се врати мирот и безбедноста во соседството. Единицата сочинувала 50 полицајци од кои петмина, сега се обвинети за убиството.
Во меѓувреме, протести избувнаа во неколку американски градови откако официјални лица ја објавија снимката од надзорните камери на која се гледа полициската бруталност.
