Турција
Турција би можела да одобри влез на Финска во НАТО
30.01.2023 10:17
Ова е првпат Турција да покаже подготвеност да ја третира кандидатурата на Финска одвоено од Шведска...

Турскиот претседател и се заканува на Шведска дека ќе се согласи само со влез на Финска во НАТО. Ова е првпат Турција да покаже подготвеност да ја третира кандидатурата на Финска одвоено од Шведска.
Турција ја обвини Шведска дека е премногу мека кон групите што ги опишува како терористички организации и опасност за нејзината безбедност, особено курдските. Анкара соопшти дека ќе се согласи со барањето на Шведска за прием во НАТО само доколку Стокхолм ги исполни условите за тоа.
