САД

Група американски сенатори против продажба на Ф-16 на Турција

03.02.2023 12:37

Американскиот конгрес нема да ја поддржи продажбата на борбените авиони „Ф-16“ на Турција во износ од 20 милијарди долари, најпрвин треба да го ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО...

Американскиот конгрес нема да ја поддржи продажбата на борбените авиони „Ф-16“ на Турција во износ од 20 милијарди долари.

Во заедничката објава на група демократски и републикански сенатори се вели Анкара најпрвин треба да го ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО.

Шведска и Финска лани поднесоа барање за придружување на Северноатлантската алијанса. Сега двете земји се соочени со блокадата од Турција, која бара да и бидат предадени лицата кои Анкара ги обвинува за тероризам, а Стокхолм и Хелсинки им даваат политички азил.