Европа
ЕП утре ќе расправа за Србија и Косово
08.02.2023 19:28
Од двете страни се очекува да најдат компромис и да се постигне сеопфатен правно-обврзувачки договор за нормализација на односите.

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент утре ќе расправа за извештаите за Србија и Косово. Од двете страни се очекува да најдат компромис и да се постигне сеопфатен правно-обврзувачки договор за нормализација на односите.
Во извештаите е изразена загриженост за тензиите на северот на Косово. Автор на извештајот за Србија со предложената резолуција е Билчик, а за Косово - Таубадел.
