Европа

Продолжуваат протестите во Франција против пензиските реформи

09.02.2023 19:22

Планирани се повеќе од 200 акции низ Франција, кои ќе соберат до 700.000 луѓе надвор од Париз, според француските власти.

Синдикатите во Франција повикаа на повторни протести во сабота против пензиската реформа што ја бара претседателот Емануел Макрон. Ова е првпат од почетокот на протестите против зголемувањето на законската старосна граница за пензионирање од 62 на 64 години, синдикатите да повикаат на протест во текот на викенд.

Планирани се повеќе од 200 акции низ Франција, кои ќе соберат до 700.000 луѓе надвор од Париз, според француските власти.

Во вторникот се одржа протест со малку помал број во однос на претходните собири кога имаше повеќе од милион луѓе, информира полицијата. Организаторите тогаш рекоа дека имало речиси двојно повеќе луѓе.