Последни подготовки за „Евросонг“, Македонија подготвена!

04.05.2014 19:29

Поздрав од Копенхаген од градот домаќин 59 -то издание на Eвровизија. Секако дека се забележува евровизиската атмосфера бидејќи како се наближуваме до почетокот на првата полуфинална вечер, така се повеќе акредитирани новинари, фанови и медиуми пристигнуваат овде во Копенхаген за да го следат овој настан.

Веќе и евровизиските тимови ги имаат своите костимирани проби во арената, така што вечерва не очекува само уште свечено отварање и дефиле по црвениот килим долг седумдесет метри и официјално може Eвровизија да започне. Нашата делегација ја имаше исто така својата втора костимирана проба, засега сме задоволни со секое следно појавување на сцената за време на тие проби се доближуваме што поблиску до она што го сакаме и она што го имаме за цел да го прикажеме на 8-ми Мај.Секој слободен момент го користиме за комоција за нашиот изведувач Тијана Дапчевич на нашата песна на земјата Македонија. Имавме успешни настапи на јуровилиџ - евровизиското село,штотуку заврши нашиот настап,вчера вечер настапувавме во евровизискиот клуб така што засега се е добро со македонскиот евровизиски тим овде во Копенхаген . Многу е тешко да се каже кој е фаворит , можеби она што ја прави евровизија интересна е токму тој момент,никогаш не можеме да кажеме кој е победникот и секогаш постои можност за големи изненадувања. Мислењето е дека можеби токму една од земјите кои се дел од онаа голема петорка би можела да биде дел од следното шеесето јубијелно издание. Бидејќи станува збор за голем јубилеј токму енкој од тие земји во случајов можеби најповеќе и Шпанија, нивната претставничка Лутар Лоренцо ја издвојуваат како евентуално победничка меѓутоа тоа се само шпекулации. Големи фаворити се и ерменскиот претставник, исто така и Унгарија само ќе видиме на 10-ти Мај дали ќе биде токму една од овие земји домаќин на следното издание.