НАТО
Столтенберг во октомври се повлекува од функцијата шеф на НАТО
12.02.2023 15:55
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг не бара ново продолжување на мандатот на чело на Aлијансата...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг не бара ново продолжување на мандатот на чело на Aлијансата.
Тој ќе ја напушти функцијата според планираното, наесен оваа година. Мандатот на генералниот секретар беше продолжен три пати, последен пат до 30 септември поради војната во Украина.
Столтенберг е на чело на НАТО речиси девет години.
