Посета
Дендиас со Чавушоглу во Антакија
12.02.2023 17:51
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас пристигна во Турција, во поддршка на жителите кои се погодени од разорниот земјотрес...

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас пристигна во Турција, во поддршка на жителите кои се погодени од разорниот земјотрес.
Тој се сретна со турскиот колега Мевлут Чавушоглу и заедно со хеликоптер заминаа на терен. Ова е прва посета на европски министер на Турција по стротниот земјотрес.
Чавушоглу рече дека со тоа, Грција ја покажала солидарноста со турското население, имајќи предвид дека оваа земја беше една од првите која понуди помош. Дендијас и Чавушоглу ја посетија Антакија, каде грчки спасувачи помагаат во операциите за пребарување и спасување.
