сад

Соборен е четврти летечки објект над Северна Америка

13.02.2023 09:39

Во близина на езерото Хјурон, кај границата со Канада, соборен е четврти летачки објект над Северна Америка...

Соборен е четврти летечки објект над Северна Америка во близина на езерото Хјурон, кај границата со Канада. Пентагон проценил дека патеката на движење го попречува воздушниот сообраќај.За прв пат бил забележан над воени локации во Монтана. Објектот со форма на осмоаголник беше соборен со проектил од Ф-16.

Претходно беа елиминирани кинески балон и уште два објекта над Алјаска и над Јукон, северозападна Канада. Во тек е истрага за нивното потекло и намена.