Националното жири од првата полуфинална вечер на дело
Евровизиската еуфорија полека го достигнува својот врв. Од денес започнуваат последните проби за првото полуфинале. Првата генерална проба започнува во 15:00 до 17:30 , а втората од 21:00 до 23:00 часот.
Генералните проби се специфични зошто на истите комплетната програма се изведува онака како што ќе биде пренесена и на директните преноси на двете полуфиналните вечери и се разбира големото финале на 10 мај.

Тука се вклучени и церемонијата на отврање и разгледниците и изведувањето на песните со комплетниот сценски настап со костими, ревијалниот дел како но и симулираното прогласување на десетте финалисти.Генералните проби се отворени како за представниците на медиумте , така и за публиката којашто успеа да купи билети многу поефтини од оние наменети за вечерите на директен Телевизиски пренос.
Она што е најважно за денешниот евровизиски ден е тоа што токму на втората генерална проба ќе гласа националното стручно жири во националните РТВ сервиси на земјите кои учествуваат во првата полуфинална вечер, но исто така и стручното жири на двете земји од големата петорка Шпанија, Франција и земјата домаќин Данска исто така гласаат и ги рангираат песните во оваа вечер. Нивните гласови ќе се додат на гласовите коишто ќе се добијат од телевоутингот во текот на директниот пренос.
Само колку за подсетување: секој член на стручното национално жири ги рангира песните по редослед : онаа што најмногу му се допаѓа се рангира по реден број еден, втората која ги задоволува критерумите , под реден број два и така до крајот.
Што значи дека жирито во првото полуфинале во коешто настапуваат 16 земји-гласа за 15 земји со исклучување на сопствената.
Имињата на членовите националните жирија, кои мора да се афирмирани и етаблирани личности од светот на музиката и кошто не биле последните две години вклчени во евровзиското национално жири, беа објавени на официјалниот евровизиски сајт, на којшто исто така по финалето ќе биде објавено и начинот на којшто гласале.
При гласањето секој од членовите на стручното жири мора да ги земе предвид :
Вокалните способности, сценскиот настап, самата, текст и оригиналност на композицијата.
На шести мај се одржува ушт една комплетна проба пред директниот пренос којшто започнува во 21:00 часот.
Каролина Петковска