Русија

Путин: Русија ќе ги зајакнува нуклеарните сили

23.02.2023 12:24

Путин ќе ги зајакнува нуклеарните сили. Во пресрет на годишнината од инвазијата, Бајден изјави, дека САД и нивните сојузници во НАТО ја бранат демократијата и слободата во Украина. Источна Украина е под постојано бомбардирање, горат станбени згради, а повеќето жители се евакуирани...

Рускиот претседател Путин, рече дека Русија ќе посвети поголемо внимание на зајакнувањето на своите нуклеарни сили, ден пред годишнината од почетокот на инвазијата врз Украина. Најавата доаѓа неколку дена по суспендирањето на билатералниот договор за контрола на нуклеарното оружје со САД.

„Ќе посветиме внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада. Оваа година во борбена задача, влегуваат првите фрлачи на ракетниот систем „сармат“, со нова тешка ракета. Ќе почнеме со масовни испораки на хиперсонични ракети циркон, лансирани од море. Со ставањето во функција на нуклеарната подморница „Императорот Александар Трети“, уделот на модерно оружје и опрема во поморските стратешки нуклеарни сили ќе достигне 100 проценти“, изјави Владимир Путин-претседател на Русија.

И покрај ваквиот потег на Москва, Вашингтон соопшти дека ќе продолжи да се придржува до преземените обврски.

„Сметаме дека тоа е неодговорно. Секоја нуклеарна сила мора да се однесува на одговорен начин и ние секако сериозно ги сфаќаме нашите обврски според новиот старт договор. Ќе продолжиме да го следиме ова и ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите обврски“Сабрина Синг-заменик прес секретар.

Градот Вуледар во источна Украина, е под постојано бомбардирање, горат станбени згради, а повеќето жители се евакуирани.

„Дел од образложението зад следната руска офанзива веројатно е да се наруши способноста на Украина, да го регенерира капацитетот да се врати во контраофанзива. Значи, многу ќе зависи од тоа колку од нејзините резерви Украина треба да внесе“изјави Џастин Бронк- виш научен соработник.

Додека продолжува руската офанзива долж линијата на фронтот, украинските војници се надеваат на подобро оружје.

„Ветуваат тенкови, ветуваат сè. Се надеваме дека ќе го исполнат тоа што го ветуваат, дека ќе дојде“, рече украински војник.

„Мораме да ја заштитиме нашата земја. Се надевам дека сите веруваат дека мора да ја одбраниме нашата земја. Ако ја дадеме нашата земја, ќе станеме робови и никој не сака да живее како роб“, додаде украински војник.

Русија ги интензивираше напорите за целосно освојување на источниот индустриски центар на Украина, Донбас.

 

Марина Ристова