Дали Заев ќе остане лидер на СДСМ

05.05.2014 20:01

На Конгресот кој претстои ќе се одлучи дали Заев ќе остане на кормилото на СДСМ . Деновиве актуелна тема. Повеќемина аналитичари се со став дека доколку остане Заев на челната позиција , тоа ќе резултира со поддршка на Бранко Црвенковски, што е се поизвесно, имајќи в предвид дека и двајцата се на иста страна. Новинарката Соња Крамарска очекува на Конгресот,  Заев  повторно да ја добие шанса од делегатите.

Црвенковски му е потребен на СДСМ, пишува во колумна  новинарот кој важи за поддржувач на опозициските политики Бранко Геровски , осврнувајќи се на случувањата во опозицијта.

„Црвенковски незаслужено ја презеде целата вина за македонската транзиција, а како релативно млад човек, но исклучително искусен и талентиран политичар, тој го нема кажано последниот збор во светот на политиката. Дури и како обичен член на СДСМ, Бранко ѝ е потребен на партијата. Тој е нејзин капитал. И навистина не можам да сфатам како некои луѓе, кои знаат дека Бранко, Зоран, Радмила и многу други од раководството на СДСМ некогаш, што се вели, од иста вреќа сол јале, денес не можат да ги замислат никако поинаку освен како закрвени противници кои чекаат момент еден на друг очите да си ги извадат“,се вели во колумната.

Според експертите со кои контактираше МТВ , жално е тоа што Заев, човекот кој беше против бојкот, сега прави таков чекор кој само оди на штета на земјата, а во корист на македонските непријатели. Порачуваат дека политичките ставови треба да се бранат во Парламентот и така да се оправдаат добиените гласови.

По убедливата победа на парламентарните и претседателските избори на ВМРО-ДПМНЕ, но и откако раководството на најголемата опозициска партија во Македонија не ги призна резултатите од изборите , а и по одлуката за враќање на мандатите,  кај голем дел од членовите на СДСМ  владее незадоволство . Очекуваат неотповиклива оставка на Заев , за да може  партијата да се реформира.Крамарска смета дека ова ќе зависи од расположението на Конгресот.

На гласањето за  доверба на лидерот Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска, актуелното раководство ќе треба да даде и отчет за изборниот пораз пред членовите на партијата.

Наташа Гркова-Петрушевска