Фудбал

Саутемптон заинтересиран за Миовски

27.02.2023 19:21

Саутемптон сериозно размислува за Миовски, наводно двата клуба веќе имале и контакти за евентуалниот трансфер...

Напаѓачот на Абердин, Бојан Миовски, наводно е мета на премиерлигашот Саутемптон. 23-годишниот играч минатото лето се приклучи на Абердин од МТК Будимпешта и стигна до 15 голови во шкотската премиерлига.

Саутемптон сериозно размислува за Миовски, наводно двата клуба веќе имале и контакти за евентуалниот трансфер за кој премиерлигашот ќе мора да одвои најмалку 4 милиони фунти.

Шкотскиот „Сан“ објави дека Саутемптон, кој штотуку го назначи помошниот тренер Рубен Селес за менаџер до крајот на сезоната, го следи напредокот на македонскиот напаѓач.