ТАЈВАН
Кина со осуда за провокации поради американскиот лет над островот
28.02.2023 09:44
Извидувачки авион на американската морнарица прелета над Тајванскиот теснец...

Извидувачки авион на американската морнарица прелета над Тајванскиот теснец. Седмата флота на САД во соопштение рече дека летот бил извршен во согласност со меѓународното право. Пекинг го обвини Вашингтон за поттикнување тензии. Кинеската комунистичка партија го смета Тајван, демократски управуван остров со 24 милиони жители, дел од нејзината суверена територија иако никогаш не го контролирала.
Пекинг испраќа воени авиони и бродови во Тајванскиот теснец секој ден.
