СДСМ ги врати мандатите!

06.05.2014 12:45

Кандидатите на СДСМ за пратеници во Собранието вчера на нотар потпишаа дека се откажуваат од мандатите...

Социјалдемократите ги вратија освоените пратенички мандати кај граѓаните.

Портпаролот на партијата Петре Шилегов рече дека во Македонија, после долго време, демократијата ја покажала целата своја убавина, а  мандатите им се враќаат на граѓаните.

Кандидатите на СДСМ за пратеници во Собранието вчера на нотар потпишаа дека се откажуваат од мандатите.

Откако избраните пратеници на НСДП кои настапуваат во Коалиција со социјалдемократите најавија враќање на мандатите, нивниот чекор го следат и од ЛДП.

Одлуката за враќање на пратеничките мандати опозицијата ја донесе за да покаже дека не го признава изборниот резултат.

 

Анита Димитријевска