ДИК ќе ги објави конечните резултати од парламентарните избори

06.05.2014 13:32

Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори, по што ќе ги изготви уверенијата за новите народни избраници.

Според најавите, до крајот на неделава треба да се одржи првата собраниска конститутивна седница на која ќе се верификуваат пратеничките мандати.

Со давање свечена заклетва во Собранието, обврзувајќи се на почитување на Уставот и законите, претседателот Ѓорге Иванов својот втор мандат ќе го почне на 12-ти овој месец.