Шпанија

Уапсена банда која ограбувала бегалци

04.03.2023 09:33

Богати украински бегалци ограбувани од свои сограѓани и Руси во Шпанија. Полицијата уапси 10-члена криминална банда...

Богати украински бегалци ограбувани од свои сограѓани и Руси во Шпанија. Полицијата уапси 10-члена криминална банда која упаѓала во станови каде биле сместени бегалци од Украина.

Групата се товари за најмалку седум кражби. Полицијата запленила 1,25 милиони евра готовина. Покрај пари, бандата крадела и накит, часовници, чанти, парфеми и брендирани очила, мобилни телефони и компјутери.