Кина
Чао: Нема суштинско несогласување со Европа
04.03.2023 09:34
Кина ја поддржува автономијата на ЕУ. Оптимизам и за трговската размена, климатските промени и решавањето на сите меѓународни и регионални прашања...

„Не постои суштинско стратегиско несогласување или конфликт меѓу Кина и Европа“ – изјави Ванг Чао, портпарол на 14. Народен Конгрес на Кина.
Изрази надеж дека европската страна ќе работи повеќе за да соработува со Пекинг. Според Чао, Стариот континент е стратегиски партнер, а Кина ја поддржува автономијата на ЕУ. Оптимизам и за трговската размена, климатските промени и решавањето на сите меѓународни и регионални прашања.
