Ковид-19
СЗО бара споделување на податоците за потеклото на вирусот
04.03.2023 09:36
Светската здравствена организација бара споделување на податоците за потеклото на коронавирусот откако американските власти оценија дека се случил инцидент во лабораторија во Вухан...

Светската здравствена организација бара споделување на податоците за потеклото на коронавирусот откако американските власти оценија дека се случил инцидент во лабораторија во Вухан.
СЗО во моментов нема пристап до извештаите. Во меѓувреме, во Москва беше убиен Андреј Ботиков, еден од креаторите на вакцината Спутник V. Според истражителите, во неговиот стан дошло до расправија при што бил задавен и избоден од 29-годишен маж.
Осомничениот е упасен и ја признал вината. Во тек е истрага за причините за убиството.
