Прилеп

Прилеп: Конечно ќе се заштитува црквата на Трескавец

18.03.2023 09:11

Министерството за култура даде 8,2 милиона денари за заштита на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец. Прво ќе се отстранува влагата која е дури и до 80 насто и е алармантна опасност за непроценливото културно богатство од пред повеќе од осум века...

Осумвековната црква „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец до крајот на октомври треба да биде заштитена од влагата, најголемата опасност да се уништи. Црквата е одамна на светската листа на културно наследство во опасност. Почна подготовката на проектот за хидрогеолошките испитувања и до октомври треба да заврши заштитата.

Ќе има длабок канал да ги спречи водите да стигнат до црквата. Ситуацијата е алармантна зашто влагата достигнува од 60 па до 80 насто.

Паралелно се работи на проектот за реставрација и санација на црквата, заштита на непроценливиот фрескоживопис. Активен е стручен тим од ИЗИС, од градежниот факултет, од прилепскиот музеј со консултант од Грција. Проектот треба да биде готов до септември, а санацијата е долг процес.

Култното место, манастирот „Трескавец“, по 10 години од последниот пожар е со обновени конаци, но сè уште нема технички прием без пречистителна станица.

 

Елизабета Митреска