Со првиот инфо-клуб, потрагата по работа почнува на факултет

07.05.2014 16:58

Студените со кои разговаравме велат дека наместо да шетаат по компании, потрагата по кариера ќе ја почнат на факултет.

По завршување на факултетот, студентите стојат пред најголемиот предизвик. Како да дојдат до работа, пракса, сопствен бизнис. Инфо клубот е местото каде ги има сите можности за вработување и самовработување на млади. Студените со кои разговаравме велат дека наместо да шетаат по компании,  потрагата по кариера ќе ја почнат на факултет.

„На сите нас ни е пред се битно,  да имаме некаде каде што ќе се информираме за она што не интересира , вели студент на правниот факултет.

Ресорниот министер тврди дека новите владини мерки,  кои ги ослободуваат приватните компании од плаќање на сите социјални придонеси  доколку вработат лица до 29 години имаат успех.

„Досега над 830 компании компании вработиле млади луѓе, односно вработени се повеќе од 1230 млади за само два месеци користејќи ја оваа мерка за ослободување од социјални придонеси во висина од 37 проценти  до просечна бруто плата“ вели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Вработувањето на младите е светски предизвик.

„37 проценти од работната сила отпаѓа на младите, меѓутоа 60 проценти од невработените истотака отпаѓа и на младите  така што се надевам дека ќе продолжиме да работиме и да го помогнеме овој процес“, вели Лоиса Винтон од УНДП

Освен на економскиот факултет при УКИМ  , инфо клубови  ќе се отворат и на универзитетите во Битола , Тетово и Штип.

 

Викторија Тодоровска