Ескалира состојбата на истокот од Украина
Ескалираше состојбата на истокот од Украина. Медиумите јавуваат дека во Славјанск се слушаат пуотници од сите страни, сепаратистите се повлекуваат пред налетот на украинската војска. Досега нема информации за жртви. Народот е во паника бидејќи градот е под целосна опсада и не е дозволен излез од градот на цивилите, патиштата се строго контролирани од луѓе во црни униформи за кои се претпоставува дека се од националниот Десен сектор. Тензично и во Доњецк. Во напад на контролен пункт загина еден човек, а тројца се ранети.

Ескалираше состојбата на истокот од Украина. Медиумите јавуваат дека во Славјанск се слушаат пуотници од сите страни, сепаратистите се повлекуваат пред налетот на украинската војска. Досега нема информации за жртви. Народот е во паника бидејќи градот е под целосна опсада и не е дозволен излез од градот на цивилите, патиштата се строго контролирани од луѓе во црни униформи за кои се претпоставува дека се од националниот Десен сектор. Тензично и во Доњецк. Во напад на контролен пункт загина еден човек, а тројца се ранети. Во Мариупол, војската ја врати контролата врз општинската зграда окупирана од сепаратистите.
„Уште имаме храна, но не знаеме за понатаму. Ќе ни дадат ли пензии?“, вели Николај, жител на Славјанск.
„Сакам ова да престане. Не сакам војна. Украинските власти мораат да сторат нешто бидејќи ни е смачено“, додава неговиот сограѓанин Сергеј.
Според воениот командант на НАТО, Филип Бридлав, алијансата ќе мора да размисли за трајно стационирање на војска во Источна Европа. Официјална Москва предупреди да не се кршат човековите права. Путин на средба со швајцарскиот претседател Дидиер Булкхалтер.
„Вашата посета доаѓа во вистинско време, знам дека имате предлози и идеи како да се реши кризата во Украина, треба да се анализира ситуацијата и да се дојде до можно решение“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.
Средба на меѓународните претставници со привремената Влада во Киев. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг, по средба изјави дека ако Русија ги спречи изборите, тоа ќе биде „удар за демократијата“. Тој рече дека „Русија не презела ниту еден чекор“ за имплементација на договорот од Женева.
Марија Петковска