Економија

Да се престане со замрзнување на цените, бараат компаниите

21.03.2023 14:33

Решението за замрзнувањето на цените не е пазарно, велат од Стопанската комора на Македонија. Според нив, државата треба да им даде помош на социјално загрозените семејствата. Замрзнатите цени да важат само за нив, а преостанатите да купуваат по пазарна …

Да се престане со замрзнување на цените, порачаа од бизнис фелата. Од Стопанската комора на северозападна Македонија побара наместо цените да се држат под мраз, да се интервенира со активирање на државни резерви, со намалување на даноците.

Решението за замрзнувањето на цените не е пазарно, велат од Стопанската комора на Македонија. Според нив, државата треба да даде таргетирана финансиска помош. Семејствата со таква помош да купуваат по замрзната цена, а останатите по пазарна.

Коморите бараат од Владата нови мерки за ублажување на одливот на работна сила во странство. Велат, најголем недостиг на работници има во хотелиерството, градежништвото и туризмот. Апелираат агенциите за вработување да се вклучат поактивно. Бизнисот побара и да се забрзаат капиталните проекти за изградба на инфраструктурата.

Игор Панов