Мерки

Замрзнати цените на јајцата и на оризот, ограничен е и извозот

21.03.2023 15:13

Владата ги замрзна цените на оризот и на јајцата. Ќе биде онаа по која се продаваа на 15-ти март. Мерката ќе важи до 30-ти април. Влада дополнително донесе одлука, извозот да биде ограничен...

Владата ги замрзна цените на оризот и на јајцата. Ќе биде онаа по која се продаваа на 15-ти март. Мерката ќе важи до 30-ти април. Влада дополнително донесе одлука, извозот да биде ограничен, односно 70 насто од производството да се користи за домашните потреби.

„Во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостиг на јајца од кокошка, производителите најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што се набавувала во јануари и февруари 2023“, изјави премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција.

Мерката, според Ковачевски, е базирана на аргументирани факти и анализи кои се направени изминатиот период.

Ова е трета последователна одлука за замрзнување на цени годинава. Од 16-ти март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28-ми февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.