Владата ги ограничи цените на оризот и на јајцата, донесена одлука за ограничен извоз
Владата ги замрзна цената на оризот и на јајцата. Ќе биде онаа по која се продаваа на 15-ти март. Мерката ќе важи до 30-ти април. Владата дополнително донесе одлука, извозот да биде ограничен, односно 70 насто од производството да се користи за домашните потреби...

Владата ги замрзна цените на јајцата од кокошка и оризот на ниво од 15-ти март. Одлуката првично ќе важи до 30-ти април, посочи премиерот Димитар Ковачевски. Трговците имаат обврска да ги снабдуваат маркетите со овие два производи со исти количини како и во јануари и февруари. За секој производ посебно правиме анализи и нема да дозволиме богатење на грбот на граѓаните, посочува шефот на Владата.
Во пресрет на празниците Владата покрај замрзнување на цените за јајцата од кокошка донесе и одлука 70 проценти од произведеното да заврши на домашниот пазар, а само 30 проценти да се извезува бидејќи овој продукт е поскап во соседството и има побарувачка за него.
Досега Владата ги замрзна цените и на белиот и полубелиот леб, тестенините и млечните производи.
Миле Ристески
