Никитин: луѓето во Луханск ќе одлучат кога ќе се одржи референдумот

08.05.2014 11:28

Путин рече дека чекон кон смирување на кризата е тоа што во знак на добрата воља руската армија се повлекла од границата.

Лидерите на самопрогласената Народна Република Доњецк денеска ќе решаваат дали ќе се одложи референдумот за независност, откако рускиот претседател Владимир Путин го претстави својот план за надминување на кризата во Украина. Односно да ги запре сите воени акции во источниот дел на земјата и да ги повлече националистичките групи, а за возврат референдумот наместо на 1-ти мај да се одржи подоцна. Тој рече дека претседателските избори во Украина закажани за 25 мај можат да бидат чекор кон смирување на кризата и притоа наведе дека руската војска во знак на добра воља се повлекла од границата. Портпаролот на сепаратистичката самопрогласена „Армија на југоистокот“ рече дека луѓето во Луханск ќе решат кога ќе се одржи референдумот за одделување од Украина.

„Целиот народ на Луханск сака референдум и токму затоа народот мора да реши дали референдумот ќе се одржи според планираното, или ќе се одложи“,изјави Никола Никитин, портпарол на „Армија на југоистокот“