Пролетни алергии

27.03.2023 09:41

Алергија е преосетливост на нашиот имун систем на некои супстанции кои ги вдишуваме, доаѓаме во контакт со нив или ги внесуваме преку храна. Кога алергенот ќе дојде во контакт со нашиот организам имуниот систем реагира со создавање на антитела кои го напаѓаат алергенот...

Пролетните алергени почнуваат да се шират од дрвјата уште во раната пролет и траат до месец мај. Поленот од тревите, кој се јавува во почетокот на летото ) е силен алерген на кој се чувствителни голем број луѓе.

Кога алергенот ќе дојде во контакт со нашиот организам имуниот систем реагира со создавање на антитела кои го напаѓаат алергенот.

Алергија е преосетливост на нашиот имун систем на некои супстанции кои ги вдишуваме, доаѓаме во контакт со нив или ги внесуваме преку храна. Кога алергенот ќе дојде во контакт со нашиот организам имуниот систем реагира со создавање на антитела кои го напаѓаат алергенот. Антителата кои се одговорни за настанување на алергиските реакции припаѓаат на групата на имуноглобулини Е. Кога тие ќе се врзат за мастоцитите, кои во изобилство ги има под површината на кожата, во носот, во очите, белите дробови и во гастроинтестиналниот тракт, како и за крвните базофилни гранулоцити, се ослободуваат силни инфламаторни материи, како што се: хистамини, простагландини и леукотриени. Тие доведуваат до зголемена циркулација и ширење на крвните садови, контракција на мазната мускулатура и појава на следните алергиски симптоми: затнат нос и чешање на носот, засилен назален секрет, кивање, кашлање, црвенило и јадеж на очите, солзење, подочници и конјуктивитис.

Тие делуваат на респираторниот, дигестивниот систем и кожата, предизвикајќи промена во имунолошкиот одговор што резултира со појава на алергии.

Алергијата во суштина е неправилно функционирање на имунолошкиот систем и класичната медицина не ги лечи алергиите. Сите лекови делуваат на тој начин што ги ублажуваат симптомите на алергија преку блокирање на реакцијата на имунолошкиот систем. Важно да преземете неколку чекори за олеснување на алергиските симптоми:

Направете тест на што сте алергични и побарајте совет од доктор кои лекови ќе ви ги олеснат симптомите;

Избегнувајте  ги алергените на кои е потврдено дека се алергични:

Исклучете ја храната која ви пречи од менито.

Престојувајте подолго во затворен простор во текот на сезоната кога цветаат растенија на чии полени сте алергични, а шетајте после дождливи денови

Избегнувајте градинарски активности или вежбање на отворено во деновите кога концентрациите на полен се високи.

Носете очила за сонце за да ги заштите очите од поленот.

Држете ги прозорците во домот затворени, а посебно во автомобилот, кога концентрацијата на полен е висока.

Засилете го Вашиот имунитет. Редовно конзумирајте пробиотици, храна богата со витамин Ц и Д како и Цинк. Други природни зајакнувачи на имунитетот, се маслото од црно семе, маслото од семки од грејпфрут, мед, прополис, ехинацеа                                                                                      

Катерина Стојановска Десковска