здравје

Јаболко, чувар на вашето здравје

29.03.2023 10:05

Без разлика дали ќе изберете зелено, црвено или жолто јаболко, телото ќе ви биде благодарно за секој залак што ќе го изедете...

Јаболката се извонредно овошје богато со витамин Ц, витамини од групата Б, калциум, калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк, но овој сочен плод содржи и многу антиоксиданти и растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото. Слободно може да се каже дека секое јаболко е микс од супстанции кои делуваат благотворно и на здравјето и на вашиот изглед. Без разлика дали ќе изберете зелено, црвено или жолто јаболко, телото ќе ви биде благодарно за секој залак што ќе го изедете.

Самото касање и џвакање на јаболкото го стимулира лачењето на плунка во усната празнина, која од своја страна ги измива бактериите и го намалува ризикот од создавање на кариес. Присуството на калциум уште повеќе го зголемува позитивниот ефект на јаболката врз забите.

Не ги прескокнувајте јаболката ако сакате да ослабите или да ја одржувате витката линија. Овие плодови содржат многу вода и малку калории а освен тоа содржат растителни влакна кои ја зголемуваат ситоста.

Јаболката го помагаат варењето на храната и го зајакнуваат имунитетот. Имунолошкиот систем ќе ви биде благодарен ако во вашата исхрана редовно вклучувате јаболка. Тие се богати со витамин Ц и антиоксиданти кои се борат со слободните радикали во телото, а со тоа го штитат телото од многу болести.

Јаболкото го намалува холестеролот и делува позитивно на срцето и крвните садови. Помагаат во превенцијата од срцеви болести и атеросклероза.

Консумирањето на јаболка може да го намали ризикот од појава на астма и рак на белите дробови. Истражувањата покажале дека кај децата чии мајки редовно јаделе јаболка во текот на бременоста, ризикот од појава на астма значително се намалува.

Истражувањата покажале дека јаболката во најголема мера го намалуваат ризикот од рак на белите дробови, но исто така постојат докази дека го редуцираат и ризикот од рак на дебелото црево, рак на панкреасот и рак на дојка.

Јаболката помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта.