Потребен е прекин во развојот на вештачката интелигенција поради ризици за општеството
Писмото е потпишано од над 1.000 луѓе, меѓу кои и Илон Маск, Емад Мостак, извршен директор на „Стабилити АИ“ и истражувачот од „Дипмајнд“, Стјуарт Расел. Тие повикуваат на пауза во развојот на напредна ВИ додека прво не се развијат заеднички безбедносни протоколи.

Група стручњаци за вештачка интелигенција (ВИ) бараат шестмесечен прекин на системите за обука. Во отвореното писмо тие наведуваат дека овие системи се помоќни од неодамнешното лансирање на понапредната верзија на четботот „Чет-ГПТ“ на „Опен АИ“.
Писмото е потпишано од над 1.000 луѓе, меѓу кои и Илон Маск, Емад Мостак, извршен директор на „Стабилити АИ“ и истражувачот од „Дипмајнд“, Стјуарт Расел. Тие повикуваат на пауза во развојот на напредна ВИ додека прво не се развијат заеднички безбедносни протоколи. Се наведува и дека ВИ може да доведе до економски и политички нарушувања. Аналитичарите ги повикаа програмерите да соработуваат со креаторите на политики и регулаторните органи.
Писмото не е совршено, но намерата е правилна. Треба да забавиме додека подобро не ги разбереме последиците. ВИ може да предизвика сериозна штета, големите играчи стануваат сѐ повеќе и потаинствени за она што го прават. Ова ги отежнува можностите - општеството да се брани од штетата што може да се случи, рече Гери Маркус, почесен професор на Универзитетот на Њујорк кој го потпиша отвореното писмо.
„Моќните системи за ВИ треба да се развиваат само кога ќе бидеме сигурни дека нивните последици ќе бидат позитивни и дека опасностите ќе може да се управуваат“, се вели во писмото.
