Здравствени придобивки од консумирање на јачмен
Богат е со минерали, како калиум, магнезиум, цинк, железо, фосфор, кобалт, флуор и јод...
Јачменот изобилува со незаситени масни киселини. Ги содржи витамините А, Д, Е и поголемо количество витамин Б12 (што е инаку ретко во растенија). Богат е со минерали, како калиум, магнезиум, цинк, железо, фосфор, кобалт, флуор и јод. Јачменот е богат и со пантотенска киселина (витамин Б5), која има клучна улога во создавањето на црвените крвни зрнца и полови хормони.
Го стимулира варењето на храната и го чисти телото. Јачменот е лесно сварлив и содржи многу растворливи растителни влакна. Го подобрува варењето на храната и го одржува балансот на цревната флора. Познат е како храна што го грее телото за време на зимскиот период, но исто така помага во неговото чистење напролет.
Го намалува холестеролот. Американската агенција за храна и лекови и официјално го одобрила како храна богата со растворливи влакна, која го намалува ризикот од срцеви заболувања. Богат извор на нијацин, кој дополнително ги штити срцето и крвните садови.
Штити од рак на дојка и на простата. Од јачменот корист имаат и мажите – редовно консумирање храна богата со лигнани го намалува ризикот од добивање рак на простата за 82 отсто, покажале истражувањата. Од јачмен може да се направи здрава, природна маска за брчките на лицето.
Редовно консумирање на јачмен го прочистува организмот, ја подмладува и штити кожата. Помага во губење на тежината.