Сусам-семе на младоста и чувар на вашето здравје
Витамините Б, А, Е, лецитинот, ниацинот, бројните минерали како калциумот, калиумот и магнезиумот, фосфорот, железото и цинкот, самите говорат за вредноста на ова семе...

Сусамот, односно семето на сусамот, спаѓа во најстарите зачини кои се во употреба уште од 1.600 година п.н.е. Ова омилено и вкусно семе може да се употреби во најразлични видови на храна и печива, зеленчук, салата па дури и со риба. Исто така, со цедење на сусамот се добива сусамово масло, кое е едно од најчистите и најздрави масла во светот.
Сусамот како растение има многу убав изглед. Има изразито темнозелени листови.
Ако во вашата храна често додавате сусам, тогаш му правите голема услуга на вашиот организам. Постојат неколку видови сусам: црн, бел, црвен. И сите сорти се разликуваат не само по бојата, туку и по маслата и протеините кои ги содржат.
Витамините Б, А, Е, лецитинот, ниацинот, бројните минерали како калциумот, калиумот и магнезиумот, фосфорот, железото и цинкот, самите говорат за вредноста на оваа, по големина ситна, но по влијание голема и моќна билка.
Изобилува со лековити својства. Семето на сусамот има висока концентрација на фитостерол. Доколку доволно се присутни во исхраната, можат да го редуцираат нивото на холестерол во крвта, да го подобрат имунитетот и да го намалат ризикот од појава на поединечни видови на карцином.
Освен тоа, сусамот е богат со железо, калциум, како и други минерали и витамини и претставува совршен чистач на органите за варење.
Маслото од сусамот е добро за превенција од создавање на тромб и долготраен затвор, ги намалува болките кај ревматоиден артритис, а се користи и за санирање на повреди, акни, чир и изгореници.