ХРВАТСКА
Се урна авион во Пула, има жртви
31.03.2023 14:11
Неофицијално се дознава дека авионот полн со гориво се урнал при полетување...

На аеродромот во Пула се урна мал приватен авион при што загинале две лица. Неофицијално се дознава дека авионот полн со гориво се урнал при полетување.
Во авионот имало маж и жена, се претпоставува дека се од Германија, со оглед на тоа дека авионот бил со германска регистрација.
На местото на несреќата има екипи на брзата помош и пожарникари.
