САД
Вонредна состојба во Арканзас поради торнадо, десетици се повредени
01.04.2023 10:05
Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени. Уништени се домови и трговски центри. За време на концрт, покривот на театарот во Илиноис беше уништен.

Во Арканзас е прогласена вонредна состојба, откако југот и средниот запад ги зафати торнадо. Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени. Уништени се домови и трговски центри. За време на концрт, покривот на театарот во Илиноис беше уништен.
„Слушнав дека има многу повреди. Се уште хаотично. Огромна бура ја погоди областа“, вели Дејв Вела, државен претставник.
Невремето следи откако претседателот Џо Бајден ги обиколи последиците од смртоносното торнадо што го погоди Мисисипи пред една недела и вети дека владата ќе и помогне на областа да закрепне.
