ООН: Ризикот од употреба на нуклеарно оружје е повисок од кога и да е
Советот за безбедност се состана по најавата на рускиот претседател Путин дека постигнал договор со соседна Белорусија, до јули да постави нестратегиско нуклеарно оружје на нејзината територија.

Ризикот од употреба на нуклеарно оружје е повисок од кога и да е, предупредуваат Обединетите Нации. Советот за безбедност се состана по најавата на рускиот претседател Путин дека постигнал договор со соседна Белорусија, до јули да постави нестратегиско нуклеарно оружје на нејзината територија.
„Сите држави мора да избегнуваат преземање какви било дејствија што би можеле да доведат до ескалација, грешка или погрешна пресметка“, изјави Изуми Накамитцу, висок претставник на ОН за разоружување.
Според организацијата, отсуството на дијалог и контрола на оружјето, во комбинација со опасната реторика и прикриените закани, се клучни ризици што го носи нуклеарната ескалација.
