Утре избори во Црна Гора и во Бугарија
Јаков Милановиќ, кандидатот на движењето Европа и Мило Ѓукановиќ, лидерот на Демократската Партија на Социјалистите синоќа ги одржаа последните конвенции. Вонредни парламентарни избори утре во Бугарија, петти по ред во рок од две години.
Изборен молк во Црна Гора пред вториот круг од претседателските избори. Јаков Милановиќ, кандидатот на движењето Европа и Мило Ѓукановиќ, лидерот на Демократската Партија на Социјалистите синоќа ги одржаа последните конвенции.
Вонредни парламентарни избори утре во Бугарија, петти по ред во рок од две години. Претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов кој е еден од фаворитите за мандатар на новата влада ќе се соочи со гласачите на неговиот ривал Кирил Петков од Продолжуваме со промените.
Во фокусот на изборната кампања и на двете партии беа односите на Софија со Скопје.
