здравје

Маслинки - одличен извор на витамини и минерали

03.04.2023 10:57

Маслинките се моќни антиоксиданти, кои се борат со воспаленијата и го спречуваат растењето на микроорганизмите...

Маслинките се едни од најмоќните антиоксиданти. Тие се одличен извор на витамини и минерали. Богати се со витамин Е, кој е одличен за чистење на организмот бидејќи е моќен антиоксидант. Железото, кое е застапено во црните маслинки, е одлично за црвените крвни зрнца, кои, пак транспортираат кислород. Бакарот е есенцијален минерал, кој може да го намали ризикот од срцеви болести. Калциумот со кој изобилуваат е одличен за коските, мускулите и за функцијата на нервите.

Студиите покажуваат дека тие се одлични за срцето и штитат од остеопороза и канцер. Луѓето најчесто ги консумираат маслинките во салати, сендвичи и сосови. Една просечна маслинка тежи од три до пет грама. Некои маслинки се зелени и стануваат црни кога ќе созреат. Јаглехидратите се 4-6 проценти застапени во маслинките, со што ги прават маслинките намирница со ниско ниво на јаглехидрати. Маслинките се моќни антиоксиданти, кои се борат со воспаленијата и го спречуваат растењето на микроорганизмите.

Маслинките помагаат во регулирањето на количеството на лошиот ЛДЛ-холестерол, а неодамнешните студии покажале дека маслинките можат да го намалат крвниот притисок. Маслинките се големи борци против канцерот. Консумирањето маслинки може да ви донесе само здравствени придобивки.

Маслинките имаат мононезаситени масти и влакна, компоненти кои ќе ве држат задоволни и сити. Тие имаат негативен внес калории што значи дека се потребни повеќе калории за варење на маслинките од самите маслинки. Главната масна киселина во маслинките е олеинската киселина. Откриено е дека оваа здрава маст го подобрува здравјето на срцето, го регулира нивото на холестерол и го штити лошиот холестерол од оксидација.

Маслинките содржат антиоксиданси, кои имаат способност да ги деактивираат слободните радикали во телото кои играат голема улога во оштетувањето на сперматозоидите и јајцеклетките, што може да доведе до неплодност. Други придобивки од маслинките се подобрување на вашето паметење (маслинките имаат позитивно влијание на мозочните функции и психијатриските нарушувања), како и намалување на појавата на брчки и одржување на здрава и мека кожа.