ЕСМ
Во изминатото деноноќие произведени се 14.993 MWh електрична енергија
03.04.2023 15:08
Во термоелектраните произведени се 12.157 MWh, а во хидроелектраните и во ветерниот парк Богданци произведени се 2.836 MWh...

АД ЕСМ на 02.04.2023 година произведе 14.993 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
Во термоелектраните произведени се 12.157 MWh, а во хидроелектраните и во ветерниот парк Богданци произведени се 2.836 MWh.
