Авиосообраќај

Визер и Луфтханза доставија барања за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии

03.04.2023 16:00

Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди, согласно утврдените крутериуми во јавниот повик.

Авикомпаниите Визер и Луфтханза доставиле барања за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми во земјава, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди, согласно утврдените крутериуми во јавниот повик.

Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.

Финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во земјава, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.